Работнички Скопје ја завери двојната круна во македонската женска одбојка
За разлика од другите дуели во ова финале, сега немаше неизвесност и изедначена борба и се покажа дека Јанта Волеј е круцијално ослабена со заминувањето на трите украински одбојкарки, кои играа до третиот меч од серијата.
Одбојкарките на Работнички Скопје се новите шампионки на Македонија. Во финалето од Женската лига, во петтиот меч од серијата славеа со 25-17, 25-14, 25-21 против ланскиот двоен првак, Јанта Волеј Кисела Вода.
За разлика од другите дуели во ова финале, сега немаше неизвесност и изедначена борба и се покажа дека Јанта Волеј е круцијално ослабена со заминувањето на трите украински одбојкарки, кои играа до третиот меч од серијата.
Ова е втора титула на Работнички Скопје под ова име, по таа во 2019 година, истовремено вторпат двојна круна, затоа што како и тогаш и оваа сезона го освои и Купот на Македонија.
