Деспотовски: Просечната нето плата во ТИРЗ ја надмина просечната нето плата во државата
Според првиот човек на ТИРЗ ова е резултат на новите инвестиции како и на мерката за креирање нови работни места. Дополнително покрај ковид пандемијата лани е регистриран раст на бројот на работни места како и рекордно ниво на извоз во зоните...

Презентирани податоците за годишното работење на компаниите во технолошко- индустриските развојни зони. За прв пат просечната плата во ТИРЗ, го надминал просекот во националната економија и таа изнесува 29.600 денари.
„Прв пат во изминатите 15 години просечната плата во зоните ја надмина просената плата во националната економија. Растот на платите се должи на ангажманот на компаниите, веќе и има делумна промена на структурата на вработените, но се должи и на реализација на дел од новите инвестиции, на модифицирањето на мерката за креирање работни места која се врзува со одредено ниво на плати и пораст на плати, како и на можноста компаниите да користат поддршка за вештини на вработените“, истакна директорот Деспотовски на прес-конференција во Владата.
Според него ова е резултат на новите инвестиции како и на мерката за креирање нови работни места. Дополнително покрај ковид пандемијата лани е регистриран раст на бројот на работни места како и рекордно ниво на извоз во зоните.
Според Деспотовски, анализата покажува и дека 18 компании лани оствариле добивка, а 16 компании забележале загуби.
