Турција
Експлозија на брод во Истанбул, има повредени и исчезнати
06.05.2022 13:51
Неофицијално во несреќата има и исчезнат работник по кого се трага.

Најмалку петмина се повредени во експлозија на брод во истанбулското бродоградилиште во областа Тузла. На терен пожарникарски и медицински екипи.
Неофицијално во несреќата има и исчезнат работник по кого се трага. Првичните информации велат дека причина за експлозијата е истекување на гас.
