Кина

Епидемијата на Ковид-19 во Шангај ставена под контрола

06.05.2022 13:53

Кина вети дека ќе се држи до стратегија за нулта толеранција на заразата...

Најлошата епидемија со Ковид-19 вирусот во Кина е ставена под контрола, по едномесечниот карантин на речиси 25 милиони луѓе.

„Од први мај, состојбата со националната епидемија е генерално стабилна. Шангај имаше забележителен континуиран пад на дневните нови случаи и состојбата со епидемијата продолжува да се стабилизира“, изјави Ву Лиангју, заменик- директор во Националната здравствена комисија.

Кина вети дека ќе се држи до стратегија за нулта толеранција на заразата и покрај економските трошоци.