Економија

Потребни се времени и точно таргетирани мерки за излез од кризата

06.05.2022 14:04

Потребни се времени и точно таргетирани мерки за излез од кризата, вели директорката на организацијата „Македонија 2025“, Никица Мојсовска – Блажевски. Според неа, мора да има ограничување на растот на платите и на пензиите, зашто парите ќе треба да се вратат, а притоа да им се помогне на најранливите категории. 11-от самит на „Македонија 2025“ ќе се одржи на 18-ти и 19-ти мај…

Потребни се времени и точно таргетирани мерки за излез од тековната криза вели извршната директорка на „Македонија 2025“, Никица Мојсоска-Блажевски. Според неа мора да следи ограничување на растот на платите и пензиите затоа што парите треба да се вратат, а притоа да им се помогне на најранливите категории. За подобар животен стандард неопходно е да се зголемат инвестициите во инфраструктурата, образованието и во човечкиот капитал.

„Значи тоа е многу важно, бидејќи на тој начин создавате и очекувања за иднината, а да не кажам дека создавате и големи буџетски дефицити коишто во иднина ќе треба да се вратат од сите граѓани, или со повисоки даночни стапки или на некој друг начин меѓутоа граѓаните и бизнисите треба да ги обезбедат средствата за враќање на долговите, така што сум за кратки директни или таргетирани, не мерки коишто би се однесувале на голема инфлација. Да мислиме на иднината. Ограничувања на растот на платите и пензиите мора да следи бидејќи и утре парите ќе треба да се вратат од некаде“, изјави Никица Мојсоска-Блажевски, извршна директорка на „Македонија 2025“.

На 18-ти и 19-ти мај во Скопје ќе се одржи 11-от Самит на Македонија 2025. Во фокусот ќе биде дигиталната трансформација – како компаниите да станат попродуктивни и поефикасни. Ќе учествуваат околу 400 гости и 40 говорници од регионот, Југоисточна Европа и дијаспората.

Сунчица Николоска