Проширување на инвестициите во зоните, нема компании што најавиле заминување
Компанијата „Кромберт и Шуберт“ планира да го продолжи инвестицискиот циклус во земјава. Разговорите за отворање на нов погон се во завршна фаза, а деталите за инвестиција ќе бидат соопштени по разговорите со менаџментот...

Компанијата „Кромберт и Шуберт“ планира да го продолжи инвестицискиот циклус во земјава. Разговорите за отворање на нов погон се во завршна фаза, а деталите за инвестиција ќе бидат соопштени по разговорите со менаџментот, рече директорот на ТИРЗ, Деспотовски. Тој најави дека при крај се преговорите и со неколку нови инвеститори, меѓу нив и еден од Канада. Деспотовски вели дека засега нема најави дека компании ќе ги затвораат своите капацитети.
„Во завршни разговори сме со една голема канадска компанија која веќе е присутна во државава на ниво на групација, за значително проширување на нивниот капацитет, така што имаме веќе неколку нови договори кои се во завршна фаза и очекувам да ги презентирам како нови инвестиции. Но, од постојните капацитети немаме никаква најава за затворање“, изјави директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.
Деспотовски го презентираше годишниот извештајот за работата на индустриските зони. Бројките покажуваат дека лани просечната плата во ТИРЗ го надминала националниот просекот. Дополнително зголемен е и бројот на отворени нови работни места, односно таму се вработени 13.650 луѓе. Во првиот квартал од годинава, извозот е за 10 насто повисок во однос на истиот период лани, увозот расте, но како што рече Деспотовски побавно за околу два отсто. Очекува позитивните трендови во зоните да се засилат, и покрај глобалната економска криза и руско-украинскиот конфликт.
Викторија Милевска
