Почнува Италијанската тура

06.05.2022 14:31

Денешниот старт ќе биде означен во Будимпешта, промоцијата на новиот шампион ќе биде во Верона на 29-ти мај. Новиот, бидејќи бранителот на розовата маичка, колумбиецот Еган Бернал нема да биде на годинешното издание на „Џиро“, поради тоа што сеуште се нема опоравено од повредите со кои се здоби при пад на тренинг.

Првиот од велосипедските гранд тура, италијанскиот, или Giro d'Italia, денеска ја започнува својата 105-та приказна. Низ 21 етапа и мачни 3.410 километри, 22 тимови со своите 176 велосипедисти ќе се борат за да се „обојат во розово“. Можеби ги нема супер словенците на италијанската тура, но ништо помалку возбуда ќе ни приредат останатите низ  тринеделното парадокслано мачење и истовремено уживање.

Денешниот старт ќе биде означен во Будимпешта, промоцијата на новиот шампион ќе биде во Верона на 29-ти мај. Новиот, бидејќи бранителот на розовата маичка, колумбиецот Еган Бернал нема да биде на годинешното издание на „Џиро“, поради тоа што сеуште се нема опоравено од повредите со кои се здоби при пад на тренинг.

Велосипедистот на „Инеос“, Ричард Карапаз, победникот од 2019-та се смета за главен фаворит, но тука се и Јеитс, Алмеида, Лопез, Ланда. Не смее да се занемарат ниту имаиња како, Том Домулан кој славеше 2017-тата во Италија, а и Роман Барден е подготвен за борба. За спринтерската маичка, кандидати се гледаат во Кевендиш од „Кивик Степ“, Ван Дер Пол од „Алпецин“, па и Јуан од „Лото-Судал“.
Денешната прва етапа е рамничарска, во должина од 195 километри и ќе се вози од Будимпешта до Вишеград.