Османи: Последна шанса да се спасат односите со Бугарија
Шефот на дипломатијата Османи смета дека и граѓаните не треба да се изложуваат на бесконечни фрустрации и разочарувања и дека еден ден треба да се каже доста...

„Ова е можеби единствената и последна шанса за да се спасат односите со Бугарија“, вели шефот на македонската дипломатија Османи. Тој рече дека наредните недели се надева на конкретен дијалог и чекори, додавајќи дека Владата, но и целото општество понатаму ќе имаат сè помалку политичка енергија да се занимаваат само со едно прашање и оти фокусот ќе биде на внатрешни реформи. Османи смета дека и граѓаните не треба да се изложуваат на бесконечни фрустрации и разочарувања и дека еден ден треба да се каже доста.
Ние постојано ги информираме и Соединетите Американски Држави, но и другите партнери од Европската унија за текот на разговорите со Бугарија и сите се согласуваат дека топката не е во Скопје, туку во Софија и во Брисел, вели Османи.
Соединетите Американски Држави се силно заинтересирани за продолжување на европската интеграција на регионот, но нема конкретно вклучување на Вашингтон во процесот меѓу Скопје и Софија, информира Османи.
На 2-ри јуни во главниот град на САД ќе се одржи стратешкиот дијалог со земјава, како потврда на силното сојузништво меѓу двете страни.
Марија Котовска
