Хронометарот за Симон Јеиц
Иако погледеите беа вперени во холандскиот двоец Думулан и Ван Дер Пол, сепак тесно пред вчерашниот победник славата ја заслужи британецот, кој ја потврди одличната форма која ја наговести пред еден месец на хронометарот на Париз-Ница, со потврда дека не било случајно.

По вчерашната премиерна етапа и победа на велосипедистот Ван Дер Пол на 105-тото издание на првата трка од престижните гран тур, Џиро Д Италија, денеска почестите ги однесе британскиот велосипедист Симон Јеиц од тимот на „Бајк Ексчеинџ“. Тој славеше на втората, хронометарската етапа возена низ Будимпешта, појдовната точка на годинешниот „Џиро“ на кој ќе се минат 3 410 километри низ 22 етапи во три недели до прогласување на шампионот во Верона на 29 мај. Иако погледеите беа вперени во холандскиот двоец Думулан и Ван Дер Пол, сепак тесно пред вчерашниот победник славата ја заслужи британецот, кој ја потврди одличната форма која ја наговести пред еден месец на хронометарот на Париз-Ница, со потврда дека не било случајно. Трите секунди плус од времето на Симон Јеиц значеа второ место на велосипедистот на „Алпецин“ Ван Дер Пол, но доволни да ја зачува розовата маичка. Сега неговата предност е 11 секунди пред денешниот победник Јеиц и 16 пред третиот денеска, сребрениот олимпиец Том Думулан.
Утрешната трета етапа е рамничарска во должина од 201 километар и се вози низ Унгарија, од Капошвар до Балатонфуред, по што следува ден за одмор, односно преселба кон Италија.
