ТЕНИС

Алкараз на списокот поразени го стави и светскиот број еден

07.05.2022 22:14

Ѓоковиќ го доби низ тај-брејк првиот, тоа не го разниша разјарениот Алкараз за 7:5 го добие вториот сет. Во исцрпувачкиот, трет сет, успеа и покрај пропуштените шанси за порано да ја заврши работата за финална заверка, се отиде во тај-брејк кој го доби сега тој, Алкараз со 7:6.

По Рафаел Надал, супер момчето, шпанецот Карлос Алкараз му „зема мерка“ и на најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ за финале на мастерсот во Мадрид од серијата 1000. Пред два дена наполни 19 години Алкараз, за 15 дена Ѓоковиќ ќе изброи 35 години, но се чини шпанската супер ѕвезда има респект, но не подлегнува пред авторитетите. Денеска повторно по фантастична партија Алкараз со високо кренати раце на крајот и повторно по три сета и сега 3 часа и 38 минути до триумф. Ѓоковиќ го доби низ тај-брејк првиот, тоа не го разниша разјарениот Алкараз за 7:5 го добие вториот сет. Во исцрпувачкиот, трет сет, успеа и покрај пропуштените шанси за порано да ја заврши работата за финална заверка, се отиде во тај-брејк кој го доби сега тој, Алкараз со 7:6.

Ова момче дефинитивно поседува и знаење, и моќ, и дисциплина, и стабилност и срце и до бескрај победнички менталитет. Сево ова подвлекувајќи го и со податокот дека е единствен кој на ист турнир во два дена слави и против Надал, и против Ѓоковиќ. За трофеј во Мадрид како најмлад финалист досега, Алкараз ќе го чека подобриот од второто ½ финале Циципас-Зверев.