Од следната сезона нов натпреварувачки концепт
Она што беше извлечено како главна цел и истакнато од претседателот на РФМ, Живко Мукаетов е дека продолжува силната заложба за развој на македонскиот ракомет.
Денеска беше одржано редовното собрание на ракометниот македонски дом каде се анализираше сработеното, со главен акцент на македонските репрезентации во обете конкуренции. Она што беше извлечено како главна цел и истакнато од претседателот на РФМ, Живко Мукаетов е дека продолжува силната заложба за развој на македонскиот ракомет. Она што пак, беше извесно пред собранието доби потврда. Oд следната натпреварувачка сезна во прволигашката ракометна конкуренција ќе има нов систем, па така, во оваа, заокружувањеto на македонскиот шампионат ќе биде без напуштање на суперлигашката конкуренција, бидејќи ќе биде проширена од 12 екипи на 16.
Промена ќе претрпи и концептот кој ќе подразбира првата фаза да биде поделена во две групи, со по 8 тимови, од каде најдобрите 4 ќе се пласираат во плеј-офот, останатите 4 во плеј-аутот. Останува праксата на пренесување на бодови, првиот-три, па вториот-два, третиот-еден и четвртиот- нула.
Останува и начинот на игра секој со секого по двапати, или ќе има во оваа фаза 14 кола. Првиот од плеј-офот како и досега ќе биде шампион на Македонија, од плеј-аутот првите 5 екипи обезбедуваат опстанок, шестиот ќе игра бараж со третиот од првата лига, седмиот и осмиот одат во понизок ранг.
