Социјала

Советувалиштето во Струмица им помага на жртвите на насилство

08.05.2022 09:50

Општина Струмица на врвот во борбата против родово базирано насилство. Од отворањето на Советувалиштето во декември, 48 жени кои доживеале насилство бесплатно добиле над 180 услуги за психо-социјална поддршка и правна помош. Струмица го има и Шелтер центарот кој само во изминатово полугодие овозможи заштита на 12 лица…

Во изминатите пет месеци, околу 50 жени добиле над 180 бесплатни услуги во специјализираното Советувалиштето за жртви на семејно насилство на „Скај плус“ во Струмица, бројка, која е јасен показател дека жените се охрабруваат, не го кријат насилството и соодветно ја искористуваат социјалната услуга. Меѓу нив има и лица од руралните средини, лица со попреченост и припадници на етничките малцинства, што потврдува дека колку се услугите попристапни, толку поохрабрени стануваат жртвите на насилство да побараат поддршка.

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, изрази силна поддршка за воспоставувањето на советувалиштето во Општина Струмица, како форма на превенција, психосоцијална поддршка и заштита на жртвите на насилство.

Општината Струмица се планираат активности за обезбедување на финансиска поддршка на овие услуги по завршувањето на проектот. За таа цел, во тек е изготвување Локален акциски план со буџети како за превенција на насилството, така и за обезбедување на директни услуги за родово засновано и семејно насилство на регионот.

Струмица во моментов е лидер во борбата против семејното насилство. За грижата на жртвите функционира и Шелтер центарот кој само во изминатово полугодие овозможи заштита на 12 лица.

Стојне Митева