Проекти за прекугранична соработка со Грција
Со трите од веќе подготвените и потпишани 10 проекти кои можат веднаш да започнат со реализација битолчани на Пелистер ќе добијат Адреналински парк и опрема за заштита од пожари. Експертите од Универзитетот ќе раководат со капсула за елементарни непогоди што ќе ги следи и предвидува во пограничниот појас со јужниот сосед…

Со најновиот повик од Програмата за прекугранична соработка со Република Грција нашата страна ќе реализира 22 проекти кои се однесуваат на заштита од елементарни непогоди, грижа за културното наследство и локалниот економски развој. Од веќе потпишаните 10 проекти чија имплементација може веднаш да започне, една третина се за битолскиот регион. Конечно некаква инвестиција на Пелистер. Со изградбата на адреналинскиот парк љубителите на планината ќе добијат атрактивна, забавна и рекреативна содржина.
За овој зафат од ИПА фондовите доделени се 200.000 евра. Дополнителни 150.000 илјади евра од Националниот парк ќе користат за заштита од пожари, односно набавка на техничка и противпожарна опрема и поставување на метеоролошка станица. За својот одобрен проект вреден 100.000 евра експертите од универзитетот со капсула поставена во ФИКТ ќе се грижат за предвидување на елементарни непогоди и заштита од комплексни пожари во пограничниот појас со јужниот сосед.
Роковите за имплементација на проектите се околу година и пол. Инаку од овој јавен повик за кофинансирање на сите проекти, обезбедени се 7,5 милиони евра.
Стевче Митревски
