Ракомет У18 - ЕП 2014

Тешка група за кадетите на Македонија!

09.04.2014 21:43

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија прват ќе игра на Европско првенство, па поради нискиот рејтинг во елитното друштво не можеше да ги избегне силните репрезентации при извлекувањето на групите за шампионатот што годинава ќе се одржи во Полска.

Нашата селекција за ракометари до 18 години е во групата Б со репрезентации коишто веќе освојувале медали на кадетските Европски првенства. Меѓу нив е и Данска која со девет одличја, но без злато, со три сребра и шест бронзи, е најуспешна во историјата на шампионатите во оваа конкуренција. Шпанија била еднаш европски првак, двапати беше втора и еднаш третопласирана. Третиот наш противник Русија има по едно злато и сребро.

Групата А ја предводи финалистот од последното првенство Шведска којашто ќе игра со Србија, Швајцарија и Исланд. Во Ц конкуренцијата се двојниот европски шампион Хрватска заедно со Франција, Романија и со Унгарија, додека главен фаворит во сегментот Д ќе биде актуелниот првак Германија на којашто ќе и се спротивстават домаќинот Полска, Белорусија и Чешка.

По две репрезентација од секоја група чиишто натпревари ќе се одиграат во Гдањск и Гдиња, ќе продолжат во главната фаза.

 

ГРУПА Б                  ГРУПА А                  ГРУПА Ц                  ГРУПА Д

МАКЕДОНИЈА                ШВЕДСКА                ФРАНЦИЈА                       ГЕРМАНИЈА

ШПАНИЈА                      СРБИЈА                     ХРВАТСКА                      БЕЛОРУСИЈА

РУСИЈА                          ШВАЈЦАРИЈА         РОМАНИЈА                        ПОЛСКА

ДАНСКА                        ИСЛАНД                 УНГАРИЈА                         ЧЕШКА