Македонските голмани блескаат под Пиринеите
Од оние македонски фудбалери коишто имаа квалитет да станат интернационалци, Столе Димитриевски завршува уште една сезона за паметење...
Од оние македонски фудбалери коишто имаа квалитет да станат интернационалци, Столе Димитриевски завршува уште една сезона за паметење. Иако не стави потпис на договор со Барселона, нашиот репрезентативен голман може да биде задоволен со резултатите во националниот состав, но и во дресот на Рајо Ваљекано. Денеска против Хетафе во шпанскиот шампионат, Димитриевски одигра 0-0 и десеттипат сезонава го сочува својот гол што е одлично постигнување за силна лига каква што е Примера.
Заклучок е дека на македонските голмани под Пиринеите сезонава им оди, затоа што и Никола Митревски може да биде горд на резултатите во натпреварувачката 2021-ва/22-ра. Чуварот на мрежата на ракометната селекција со својот Порто го доби дербито со Спортинг на гости и 29:28 и со тоа направи огромен, веројатно и решавачки чекор кон титулата во португалското првенство. Во големиот успех, Митревски учестуваше со три одбрани за едно полувреме. На четири кола до крајот, Порто има три бода повеќе од единствениот ривал.
