Меморандум за соработка – Илинден – ОКТА

09.04.2014 23:00

Општина Илинден и компанијата ОКТА склучија договор за соработка во областа на образованието.

Меморандумот којшто официјално беше потпишан од градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски и главниот извршен директор на ОКТА, Виктор Папаконстантиноу,  предвидува практична настава и обука на учениците од средното стручно училиште „Илинден“, а вклучува и стипендирање на талентирани ученици и вработување по завршеното образование.

„Ќе им помогнеме на учениците да добијат драгоцено искуство и остручување и некои од нив можеби ќе видат во ОКТА место каде што би сакале да работат по завршувањето на образованието“.