Фудбал

Академците и Шкендија сигурно ќе имаат интернационално лето

08.05.2022 20:56

Во прволигашкото 32-ро коло, немаше голови на тензичното дерби под Шара меѓу Шкендија и Шкупи. Академија Пандев го совлада Работнички со 2:1, Струга Трим Лум славеше над Македонија во Ѓорче Петров со 3:1, Ренова триумфираше над Скопје со 2:0, Брегалница го доби Тиквеш со 1:0, а во дуелот на новите второлигаши Пелистер го надмудри Борец со 2:1.

Академија Пандев обезбеди сигурен настап во Европа, Македонија Ѓорче Петров загуби од Струга Трим Лум, па за интернационално лето ќе чека дополнителни вести. Шкендија заработи бод против новиот првак Шкупи, а тоа беше доволно за да го освои трето место на табелата. Во прволигашкото 32-ро коло, немаше голови на тензичното дерби под Шара меѓу Шкендија и Шкупи. Академија Пандев го совлада Работнички со 2:1, Струга Трим Лум славеше над Македонија во Ѓорче Петров со 3:1, Ренова триумфираше над Скопје со 2:0, Брегалница го доби Тиквеш со 1:0, а во дуелот на новите второлигаши Пелистер го надмудри Борец со 2:1.

Првакот Шкупи ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, второпласираната Академија Пандев и сигурно третата Шкендија ќе одат во квалификациите од Уефа Лигата на Конференции, Скопје и Тиквеш ќе настапат во баражите за опстанок, а битолчани и велешани ќе бидат елиминирани во понизок ранг.