Атлетика

Рекорд на Ивановски на шестото издание на „Скопје трча“

08.05.2022 21:09

На „Халкеко“ трката од десет километри на скопските улици, тој го задржа максималниот ефект, „шест од шест“, и повторно победи, овој пат, со рекорд. Неговото време од 26 минути и 42 стотинки е најдобро на сите досегашни изданија на трката...

Во индивидуалните спортови кај нас, пак, денешниот ден е славенички за атлетичарот Дарио Ивановски. На „Халкеко“ трката од десет километри на скопските улици, тој го задржа максималниот ефект, „шест од шест“, и повторно победи, овој пат, со рекорд. Неговото време од 26 минути и 42 стотинки е најдобро на сите досегашни изданија на трката којашто ја организираат Сојузот на спортови на Скопје и атлетскиот клуб Работнички, а е под покровителство на Град Скопје и на Агенцијата за млади и спорт.

Втор беше Џастин Фримен, а трет Атанас Анчевски. Кај дамите триумфираше Билјана Кираџиева со време 37 минути и 48 стотинки, а на пиедесталот се качија и Милијана Ристиќ и Весна Кираџиева. Настапија околу 1300 натпреварувачи.