Одбојка

Одбојкарите работат според планот, а го сонуваат првото злато

08.05.2022 21:12

Од 25-ти мај до 11-ти јуни во група со Босна и Херцеговина, со Албанија и со Романија, ќе се обиде да дојде до уште еден завршен тунрир, годинава закажан за 18-ти и за 19-ти јуни во Будимпешта.

Европските првенства станаа постојана дестинација за македонските одбојкари, но златото во Европската лига никако да дојде во шест настапи од дебито во 2014-та досега. Тоа е првата цел на црвено-жолтиот национален состав пролетва, по четири финалиња и пет пласмани меѓу четирите најдобри, Македонија конечено да се израдува на врвот во сребрениот сегмент од европското натпреварување. Реновираниот тим на новиот селектор Ратко Павличевиќ се подготвува во Маврово, а во него не се примачот Љафтов, блокерот Николов и засега либерото Ангеловски. Од 25-ти мај до 11-ти јуни во група со Босна и Херцеговина, со Албанија и со Романија, ќе се обиде да дојде до уште еден завршен тунрир, годинава закажан за 18-ти и за 19-ти јуни во Будимпешта.

„Сигурно дека сите сме мотивирани за ново докажување и за нови радости на Македонија. Меѓутоа, за разлика од минатите години имаме некои несакани повреди и откажувања, но се надевам дека сите заедно ќе собереме сили и ќе ја израдуваме македонската јавност. Засега се оди според планот, одлично работиме на чело со новиот селектор и се надевам дека сите здрави ќе ги дочекаме првите предизвици“, вели капитенот на македонската одбојкарска репрезентација Никола Ѓорѓиев.