Одбележување

Ден на Европа и Ден на победата над фашизмот

09.05.2022 09:19

Премиерот Ковачевски ќе учествува на одбележување на 9 мај – ден на победата над фашизмот и ден на Европа. Со почеток во 9:45 часот премиерот ќе положи цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“ во дворот на Владата и ќе се обрати на пригодната свеченост.

Европските земји денеска го слават Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, во сеќавање на почетокот на создавањето на Европската Унија и завршувањето на Втората светска војна во Европа во 1945 година.

Годинава се навршуваат 77 години од крајот на Втората светска војна и 72 години од покренувањето на иницијативата за создавање на Европската Унија.

Во земјите на ЕУ, особено е важен Денот на Европа, што означи пресвртница во односите на европските земји, но и отворање пат кон создавање заедничка држава на континентот. Во Русија пак, фокусот е на прославата на Денот на победата во Втората светска војна.

Денот на Европа е востановен во знак на сеќавање на декларацијата на францускиот министер за надворешни работи, Роберт Шуман од 1950 година. Тоа се смета за прв официјален чекор во создавањето на ЕУ.