Македонија

Се одржа 29. Меѓународен фестивал на пролетни веселби „Х’дрелез“

09.05.2022 09:59

После две години пауза поради пандемијата, годинава се одржа свеченото отворање на 29. Меѓународен фестивал на пролетни веселби „Х’дрелез“...

После две години пауза поради пандемијата, годинава се одржа свеченото отворање на 29. Меѓународен фестивал на пролетни веселби „Х’дрелез“.

Пролетното празнување Х’дрелез во 2017 година беше вклучен во списокот на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото, како културно наследство на Турција и Македонија. Од 2017 година се до денеска Министерството за Култура и Туризам на Р. Турција ја нуди својата поддршка со цел јакнење на интеркултурниот дијалог и унапредувањето на меѓународната соработка меѓу Р. Турција и Република Северна Македонија.

Во рамки на официјалното отворање, Советничката за култура и промоција при Амбасада на Република Турција Чигдем Ѓуллу во име на Министерството за Култура и Туризам на Република Турција прими плакета нагласувајќи дека нивната поддршка за пролетниот фестивал Х’дрелез, кој е од големо значење во однос на зајакнувањето на пријателските односи меѓу двете земји, ќе продолжи и во наредните години.

Х’дрелез е еден од сезонските празници што се слават во турскиот свет. Се слави како ден кога Хизир и Иљас се сретнале на земјата. Познат како ден кога природата оживува, фестивалот Hıdırellez значи и доаѓање на пролетта.