380 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 380 возачи...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 380 возачи. Од нив 32 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час. Притоа, 155 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 225 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат, сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.
