Одбојка

За решение – мајсторка!

09.04.2014 23:27

Одбојкарките на Македонија Макс пропуштија шанса да обезбедат финале во разигрувањето за титулата во нашиот шампионат.

Загубија вечерва од Јанта волеј пред своја публика со 3-2 во сетови, па со оглед дека во серијата е израмнето на 1-1 во победи, противникот на Форца ќе го решава мајсторката на 16-ти април.

Вечерва Македонија двапати водеше откако го освои првиот сет со 25-21 и третиот со 25-20 , но Јанта израмнуваше во вториот и во четвртиот со 25-19 и 25-15, а потоа го доби и петтиот сет со 15-12. И првиот натпревар заврши во максимален број сетови, но во полза на Македонија која тогаш гостуваше.