Вицепремиерот Маричиќ во работна посета на Париз
Оваа посета вицепремиерот Маричиќ ја реализира во исклучителен важен период и за Унијата и за регионот, а во фокусот на разговорите ќе бидат француската поддршка и можноста за напредок во нашите евроинтеграции, за состојбата во преговорите со Бугарија, за новите предизвици од воената агресија врз Украина и за клучните приоритети на Владата во реализирањето на европските реформи...

Оваа посета вицепремиерот Маричиќ ја реализира во исклучителен важен период и за Унијата и за регионот, а во фокусот на разговорите ќе бидат француската поддршка и можноста за напредок во нашите евроинтеграции, за состојбата во преговорите со Бугарија, за новите предизвици од воената агресија врз Украина и за клучните приоритети на Владата во реализирањето на европските реформи.
Утре вицепремиерот Маричиќ ќе се сретне со државниот секретар за европски прашања на Република Франција Клемент Бон, и со политичкиот советник за балканот на претседателот Макрон, Изабел Думонт. Првиот човек за евроинтеграција имаше средба со претседателот на Комитетот за меѓународни прашања и одбрана во францускиот Сенат, Кристиан Камбон.
Вицепремиерот Маричиќ учествуваше на конференцијата „Балкански дијалози“, на тема: „Последиците од војната во Украина на евроинтеграцискиот процес“, на која ќе учествуваат високи државни претставници од регионот и од Европа. На маргините на конференцијата вицепремиерот Маричиќ се сретна и со својата црногорска колешка, Јована Маровиќ.
