Одбележување 9-мај

Еден датум за два големи настани во историјата на најстариот континент

09.05.2022 12:40

Денот на победата над фашизмот и денот на Европа-9 мај, еден датум за два големи настани во историјата на најстариот континент и на нашата земја. Победата над фашизмот е и победа за Европа. Сме биле, сме и ќе останеме на вистинската страна на историјата, порака од одбележувањето пред споменикот „Бранители на Скопје“. Македонија ја избра Европа и нејзините вредности, рече премиерот Ковачевски...

9 мај – Ден на Европа свечено одбележување пред Владата на Денот на победа над фашизмот и чекор за создавањето ан Европската Унија.

Македонскиот народ се стави на вистинската страна во Втората Светска војна во борбата против фашизмот, со заедничка цел како и останатите европски држави, да создаде слободна и просперитетна држава за сите граѓани во неа-рече премиерот Ковачевски на одбележувањето на Денот на Европа. Во контекст на стратешката цел на земјава и европските интеграции, премиерот, посочи на историските придобивки од мирно решавање на конфликтите и надминување на разликите.

Честитајќи го Денот на победата над фашизмот, и 77 годишнината од Шумановата декларација за обединета Европа, амбасадорите на Европската Унија Дејвид Гир, и амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз упати порака за што поскоро отпочнување на преговорите со ЕУ, со што ќе се обезбеди стабилност и безбедност во регионот. Македонија е создадена врз основа на антифашистичката борба – порака од Сојузот на борците.

„Денот на Европа, кој ја слави идејата за траен мир и заедништво на континентот, е уште еден потсетник за клучната вредност на патот кон европското обединување на различностите. Само достоинствено, со почитување на правото на самоопределување може да зборуваме за обединета Европа“-истакна претседателот Пендаровски во честитката за Денот на Европа.

Марина Т. Стојанова