Македонија

Нови најави за пругата кон Бугарија

09.05.2022 12:44

До втората половина на јуни ќе почне изградбата на првите две делници од Куманово до Бељаковце и од Бељаковце до крива паланка. Надлежните најавуваат нови инвестиции во инфрастуктура. Со ребалансот на буџетот ќе бара дополнителни 300 милиони денари за доизградба на гасоводната мрежа...

Првиот човек на железници – инфраструктура, Хари Локвенец, рече дека до втората половина на јуни ќе почне изградбата на првите две делници од Куманово до Бељаковце и од Бељаковце до Крива Паланка. Првата фаза, според проценките, треба да заврши со крајот на идната година, а целата пруга сега се очекува да се финализира во 2027 година.

Надлежните најавуваат нови инвестиции во инфрастуктура. Министерството за транспорт и врски со ребалансот на буџетот ќе бара дополнителни 300 милиони денари за доизградба на гасоводната мрежа.

Но, инфраструктурата треба и да се одржува. Надлежните признаваат дека железницата честопати е мета на крадци, а штетите се огромн, и од финансиски аспект и од аспект на безбедноста и сигурноста во железничкиот сообраќај.

Само изминатава недела имало 5 кражби.

Ана Ј. Тодоровска