Македонија

Од полноќ повисоки цени на горивата

09.05.2022 13:09

Бензините од полноќ поскапуваат за 2 денари, дизелот поевтинува за половина денар. Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата...

Бензините од полноќ поскапуваат за 2 денари, дизелот поевтинува за половина денар. Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата. Бензинот од 95 октани од полноќ ќе се продава за 90,5 денари за литар, два денари поскап е бензинот од 98 октани, новата цена на дизелот е 89,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство останува со стара цена – 87,5 денари. Поскапува и мазутот. Во просек, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат за 0,88 проценти, како резултат на повисоките цени на берзите и движењето на курсот на денарот во однос на доларот.