Свет

Рускиот амбасадор во Полска полеан со црвена боја на гробиштата на советските војници

09.05.2022 13:58

По инцидентот, Андреев бил принуден да ги напушти гробиштата во придружба на полиција..

Рускиот амбасадор во Полска Сергеј Андреев беше полеан со црвена боја додека се обидуваше да положи венец на гробиштата на советските војници во Варшава.На дипломатот тоа не му било дозволено.

Според известувачот, „агресивни Полјаци и Украинци“ му го попречиле патот, извикувајќи навреди.

По инцидентот, Андреев бил принуден да ги напушти гробиштата во придружба на полиција. Подоцна рече дека не е повреден.