Во првото тромесечие КСЗД постапувала по 95 претставки
Половина од претставките во првиот квартал поднесени до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација биле од областа на јавно информирање и медиуми и најчесто поради вознемирување на социјалните мрежи. Најтежок облик на дискриминација е случајот со 11-годишната ученичка со посебни потреби во ОУ „Башкими“ во Гостивар, за кој Комисијата утврдила сегрегација, постапувајќи по службена должност. Од Комисијата со апел до родителите да пријавуваат доколку се соочат со таков вид дискриминација спрема нивните деца...

За дискриминација во медиумите најмногу поплаки од граѓаните пристигнале до комисијата во првиот квартал од годинава. Речиси повеќе од половина од претставките се однесувале на вознемирувачки говор на социјалната мрежа Фејсбук или на интернет порталите, но охрабрува тоа што во соработка со МВР се пронаоѓаат сопствениците и кога тие го правеле тоа со лажни профили, велат од комисијата.
Најчесто, обликот на тешка дискриминацијата по основ на повеќекратно или повторено изложување се однесува на маргинализираните групи.
Случајот на девојчето од училиштето „Башким“ и од Гостивар, кое беше дури изолирано поради петицијата на родителите на другите деца и кое беше вратено во одделението со своите другарчиња, после брзиот и решителен одговор на институциите по барање на комисијата, се посочува како пример како не смее да постапува целото општество.
Во овој период до комисијата биле доставени 95 претставки во однос на работните односи, пристап до добри услуги и други, при што кај 26 била утврдена дискриминација.
Фиљана Кока
