Пендаровски одржа митинг во Прилеп
Кандидатот на Социјал демократскиот сојуз, Стево Пендаровски, вечерва одржа митинг во Прилеп.

„Граѓанинот пред се, човекот да биде во центарот на нашето внимание и интерес. Тоа ќе биде мојот главен концепт доколку ја добијам вашата доверба и станам претседател на Македонија“, рече Пендаровски
Тој рече дека ќе се залага за рамноправност во државата и за добри меѓуетнички односи. Ќе се залагал и за добри односи со сите 5 соседи на Македонија. Пендаровски вели дека нема да биде само потписник на указите за законите туку ќе се залагал за спроведување на квалитетни законски решенија. Приоритет ќе му бил влезот во ЕУ и НАТО. Аза спорот со Грција за нашето име, рече дека ќе се залагал да се реши со државен консензус.
Пендаровски претходно имаше средби со жителите на Крушево и прилепските села.
