Украина бара специјална седница на Советот за човекови права на ОН
Сегашната ситуација бара итно внимание на Советот во однос на наводите за воени злосторства и кршење на човековите права во Буча и другите области на Украина, како и наводите за масовни жртви во Мариупол, порача украинската амбасадорка во ОН...

Киев денеска побара од Советот за човекови права на ОН да одржи специјална седница за Украина поради потребата Советот да го разгледа континуираното влошување на ситуацијата во таа земја, вклучително и наводите за масовни жртви во Мариупол.
Сегашната ситуација бара итно внимание на Советот во однос на наводите за воени злосторства и кршење на човековите права во Буча и другите области на Украина, како и наводите за масовни жртви во Мариупол, порача украинската амбасадорка во ОН Јевхенија Филипенко во писмо до претседателот на Советот за човекови права на ОН во кое Ројтерс имаше увид.
Писмото го носи денешниот датум и е потпишано од 55 други земји.
Русија ги негира нападите врз цивилите во Украина и нејзините дејствија ги нарекува „специјална операција“ чија цел е демилитаризација и денационализација на земјата.
