Зеленски: Нема да ѝ дадеме ни еден дел на Русија
Целиот слободен свет може да види дека ние сме на страната на доброто во оваа војна, а Русија ќе загуби затоа што злото секогаш губи, истакна украинскиот претседател Зеленски во говорот за Денот на победата.

Украина нема да ѝ даде ниту еден дел од земјата на Русија. Целиот слободен свет може да види дека ние сме на страната на доброто во оваа војна, а Русија ќе загуби затоа што злото секогаш губи, истакна украинскиот претседател Зеленски во говорот за Денот на победата.
„Ова не е војна на две армии. Ова е војна на два светогледи. Милиони Украинци се бореа против нацизмот и поминаа низ тежок и долг пат. Нацистите се протерани од Луганск, од Доњецк. Херсон, Мелитопољ и Бердјанск се ослободени од окупаторите. Нема окови кои можат да го заробат слободниот дух на Украинците“, нагласи Зеленски.
Украинската армија ги турка Русите назад во Харков. Жителите кои решија да останат или не можеа да избегаат од областа полека почнуваат да ги обновуваат своите куќи и села.
„Авион испушти бомба додека прелетуваше и погоди мост. Влеговме внатре. Пред да легнеме, пет бомби паднаа во градината“, вели жител на село близу Харкив.
„Прво, каде ќе одиме? И да заминеме, не знаеме каде да одиме. Ќе обновиме, ќе поправаме, ќе работиме. На крајот сè ќе биде во добро“, додава друг.
„Ова ни го направија на 26 март, на мојот роденден. Сè пропадна, фала богу сите преживеаја. Не мислев дека ќе преживеам. Имавме 140 глави добиток овде живи изгореа“, вели жителка на Харкив.
Цивилите од Мариупол евакуирани од Запорожје. Претходно имаше нови воздушни напади врз Одеса. Во засолниште морал да се скрие и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел кој бил во посета на градот.
„Имаше бомбардирање. Кога падна првата ракета, отидов до прозорецот, а потоа прелета втората ракета“.
„Целото семејство беше дома. Прво слушнавме ракета, а потоа втора експлозија. Експлодираа некои магацини. Беше навистина страшно“.
„Имаше некои очекувања дека градот нема да биде бомбардиран, но тие надежи беа урнати. Сега сите знаат дека никој не е безбеден и дека колку и да е далеку фронтот, вие сте во опасност од бомба која паѓа врз вашиот дом“-велат жители на градот.
Претседателот на Украина повика на итни чекори за отворање на украинските пристаништа кои ги блокираше Русија, за да се овозможи извоз на пченицата и да се спречи глобална прехранбена криза.
Марина Ристова
