Кошарка

Никола Јокиќ повторно МВП во НБА лигата

09.05.2022 19:59

Според последните најави од угледниот „ЕСПН“, центарот на Нагетс добил повеќе гласови од конкуренцијата, а ова официјално ќе биде потврдено до крајот на оваа недела.

Српскиот кошаркар од редовите на Денвер, Никола Јокиќ и годинава ќе биде прогласен за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата.

Според последните најави од угледниот „ЕСПН“, центарот на Нагетс добил повеќе гласови од конкуренцијата, а ова официјално ќе биде потврдено до крајот на оваа недела.

Јокиќ минатата година ја заработи наградата МВП на првиот дел од сезоната но не успеа да го предводи неговиот тим до големото финале.