Македонија ќе добие нов закон за ДДВ, стапките не се менуваат
Заврши проектот за реформа на македонскиот даночен систем

Заврши проектот за реформа на македонскиот даночен систем ,што беше помогнат од проектот на Германското друштво за меѓународна соработка-ГИС .Новиот нацрт текст на Законот за ДДВ е целосно хармонизиран со Европската регулатива и со најновите директиви , велат од ГИС.Според координаторот на проектот Хесус Гајарре Македонија има добри стапки на ДДВ и доколку успее да ги задржи не треба да ги менува, како што направија повеќе европски земји погодени од должничката криза ,меѓу кои и Шпанија од каде што тој доаѓа.Стариот закон се употребува веќе 10 години , а во меѓувреме се донесени десетина нови ЕУ директиви кои требало да бидат вградени во даночната регулатива .Проектот освен текстот на законот на Министерството за финансии ќе му ги предаде и подготвените подзаконски акти потребни за негова имплементација .Една од новините во законот ќе биде определбата купувањето на недвижности да биде ослободено од плаќање ДДВ , велат од ГИС. Дел од новите законски решенија за ДДВ би се применувале по автоматизам , веднаш по влезот на Македонија во ЕУ , вели Гајаре .Од ГИС велат дека многу е важна регионалната соработка , особено поради прекуграничното движење на соките и на услугите , а од Македонија се очекува да биде земја водач и креатор на регионалната соработка , поради напредните законски решенија во даночната сфера и едуцираната администрација .
Свето Николовски
