40 годишен јубилеј на Францускиот културен центар

09.04.2014 23:47

Eден од важните актери на македонската културна сцена, Францускиот институт во Скопје слави 40 години постоење.

Исто толку ја претставува француската култура во земјава. Програмата што Институтот ја остварува наоѓа свое место во значајните манифестации, како „Скопско лето“, „Скопје џез-фестивал“, „Охридско лето“, Млад отворен театар.

Центарот ги организира настаните по повод Месецот на Франкофонијата, филмски циклуси  и фестивал на францускиот филм, натпреварите во шансона.

Во однос на образованието значајни се неговите програми за учење на францускиот јазик, можностите за студирање во Франција и комуникацијата што се остварува на образовен и културен план меѓу Франција и Македонија.

Александра Перевска