Македонија

Цените на производите во постојан раст

10.05.2022 08:30

Поскапување на месечно ниво, покрај маслата, има и кај зеленчуците, овошјето, сирењето, пијалоците, чоколадите, шеќерот, но пораснале и цените на воздухопловниот патнички транспорт и тоа од високи 46,6 проценти, а поскапени се и туристичките аранжмани со 8,9 отсто...

Маслата поскапеле за дури дваесет проценти во еден месец, покажаа последните податоци на заводот за статистика. Но, не се само маслата поскапени, напротив ДЗС утврди дека растат цените на голем дел од производите во малопродажба.

Поскапување на месечно ниво, покрај маслата, има и кај зеленчуците, овошјето, сирењето, пијалоците, чоколадите, шеќерот, но пораснале и цените на воздухопловниот патнички транспорт и тоа од високи 46,6 проценти, а поскапени се и туристичките аранжмани со 8,9 отсто.

ДЗС објави дека на годишно ниво во април трошоците на живот се зголемиле за 10, 5 отсто, а експертите велат дека поскапувањето најверојатно ќе продолжи, особено поради тоа што истата е увозна, а додаваат дека истата се зголемува и поради конфликотот во Украина.

Експертите порачуваат, итно треба да се донесе антиинфлаторна програма. Таква имавме во деведесетите години по осамостојувањето  кога последно земјава се бореше со висока инфлација.