Македонија

Субвенции за опрема за тутунопроизводство

10.05.2022 09:05

Тутунарите со помош на субвенциите од програмата за рурален развој можат да набават опрема за производство на тутунот. Поддршката изнесува најмногу до 4,5 милиони денари по корисник. Пријавувањето е во тек и ќе трае до 20-ти мај...

Со најмногу до 4 и пол милиони денари годинава ќе се ко-финансираат тутунарите кои сакаат да инвестираат во опрема за преработка на тутунот.

Субвенцијата се исплаќа по принципот на ко-финансирање од 50 до 75 проценти, на годишно ниво по реализацијата на инвестицијата.

Право на користење на оваа мерка од Програмата за рурален развој за 2 и 22 имаат земјоделските стопанства запишани во регистарот што го води Mинистерството за земјоделство.

Средствата се доделуваат за период за реализација на инвестицијата на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

Апликациите се пополнуваат електронски, со податоци за инвестицијата и локацијата, потоа се печатат и заедно со потребната документација се доставуваат до платежната агенција.

Барањата се бодуваат, а оние со ист број бодови се рангираат според времето и датумот.

Земјоделците можат да поднесат само едно барање за една мерка или најмногу 2 од другите мерки од програмата за рурален развој.

Јавниот повик трае до 20-ти мај годинава.

Методија Трајков