Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со блокада на работата на собранието

10.05.2022 09:05

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека блокадата ќе трае во континуитет сè до промената на власта, односно сè до договор за датум за предвремени парламентарни избори. Таа ќе подразбира филибастеринг, илјадници амандмани на секој владин проект, бескрајни пратенички дискусии, блокирање на работата на комисиите и пленарните седници. Најголемата опозициска партија порачува дека и покрај блокадата на Собранието ќе учествува во дебатата за ребаланс на буџетот...

ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партии од денеска почнуваат блокада на Собранието.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека блокадата ќе трае во континуитет сè до промената на власта, односно сè до договор за датум за предвремени парламентарни избори. Таа ќе подразбира филибастеринг, илјадници амандмани на секој владин проект, бескрајни пратенички дискусии, блокирање на работата на комисиите и пленарните седници. Најголемата опозициска партија порачува дека и покрај блокадата на Собранието ќе учествува во дебатата за ребаланс на буџетот.

Премиерот Димитар Ковачевски деновиве изјави дека лидерска средба заснована врз уцени и закани нема да има, а најавената блокада во време на војна во Украина и во услови на криза ја смета за неодговорен чекор.

Во меѓувреме во Собранието блокирани остануваат повеќе законски, а до крајот на мај во Собранието треба да се најде и најавениот ребаланс на Буџетот.