Еквадор
Најмалку 43 затвореници жртви на физичка пресметка во затвор во Еквадор
10.05.2022 09:48
Затворениците биле жртви на физичка пресметка меѓу ривалски банди во затворот Санто Доминго. Стотици затвореници успеаја да побегнат од затворот искористувајќи ги нередите...

Најмалку 43 затвореници загинаа, а десетици се повредени во судирите меѓу ривалски банди во затвор во Еквадор.
Затворениците биле жртви на физичка пресметка меѓу ривалски банди во затворот Санто Доминго. Стотици затвореници успеаја да побегнат од затворот искористувајќи ги нередите.
Безбедносните сили успеале 112 затвореници да уапсат, а по уште 100-тина сè уште се трага. Конфликтите се честа појава во затворите во Еквадор.
Речиси 400 затвореници се убиени во шест одделни нереди од февруари во 2021-ва година.
