ДУИ во Долнени
„Од 2001 та година се залагавме не само за правата на албанците туку и на сите помали заедници бидејќи беа дискриминирани, не дозволувајте да ве уценувааат за вашиот глас...

Не дозволувајте да бараат од вас глас со договори за земјоделски субвенции или други услуги“ им рече на симпатизерите и членови на ДУИ, за листата во 5-тата единица Муса Џафери, ветувајќи им дека секогаш ќе ја имаат поддршката која победува во името на добросостојбата на граѓаните.
„Ве уверувам дека нашата партија ќе покаже посебна солидарност за оваа популација за нови вработувања, за кадрите да се вработуваат младите да не ги напуштаат домовите и тука да ја создаваат новата иднина. Ќе се залагаме да излеземе од оваа состојба и да се приближиме кон еу и нато“, рече Муса Џафери.
