Иселенички фолклорен фестивал
Фестивалот го организира Агенцијата за иселеништво, која ги сноси и трошоците за престојот на овој фестивал, кој ќе се одржи од 20-ти до 24-ти јули во Охрид...

Фолклорот е многу значаен за зачувување на корените, традициите на младите во странство. Во дијаспората се негува фолклорот, се организираат повеќе активности и настапи на фолклорни друштва.
На тој начин, се доближуваат вредностите од родниот крај и пред странската публика.
Во прилог на сево ова, е и Иселеничкиот фолклорен фестивал, на кој ќе учествуваат четири културно уметнички друштва од иселеништвото. Фестивалот го организира Агенцијата за иселеништво, која ги сноси и трошоците за престојот на овој фестивал, кој ќе се одржи од 20-ти до 24-ти јули во Охрид.
Ќе бидат организирани и работилници со еминентни културно уметнички работници за продуцирање народна музика, кореографии и изработка на носии.
За време на престојот во Охрид, планирани се и посети на значајни културно историски знаменитости.
Аида Николовска
