Шри Ланка

Најмалку пет лица загинаа, а 180 се повредени во протестите во Шри Ланка

10.05.2022 12:31

Судирите избувнаа откако демонстрантите поддржувачи на владата запалија неколку куќи на политичари. Иако премиерот Раџапакса поднесе оставка поради масовните антивладини протести кои неколку дена се одржуваа низ земјата, тоа не ги смири гневните граѓани кои се обидуваа да влезат во неговата резиденција...

Судирите избувнаа откако демонстрантите поддржувачи на владата запалија неколку куќи на политичари.

Иако премиерот Раџапакса поднесе оставка поради масовните антивладини протести кои неколку дена се одржуваа низ земјата, тоа не ги смири гневните граѓани кои се обидуваа да влезат во неговата резиденција. Многумина од нив бараат и неговиот брат да даде оставка од претседателската функција.

Поддржувачите на владата, пак, насилно се судрија со антивладините демонстранти во главниот град Коломбо пред премиерската резиденција. Се пробиле низ полицискиот кордон и со палки ги нападнале демонстрантите. Полицијата потоа ја смирила ситуацијата со солзавец и водени топови.

Демонстрантите решиле да се одмаздат за овој напад и во текот на ноќта низ земјата палеле куќи кои им припаѓаат на семејството Раџапакса, разни министри и пратеници, вклучувајќи ја и куќата која браќата Раџапакса ја претвориле во контроверзен музеј во село на своите предци на југот на Шри Ланка.

Во петокот, претседател Готабаја Раџапакса прогласи вонредна состојба во државата, со што ги прошири овластувањата на војската. Тој се одлучил на тој потег поради  општиот штрајк низ земјата со кои беа затвори училиштата, јавната управа и продавниците, а десетици илјади луѓе излегоа на улиците, барајќи оставка од претседателот и неговата влада.