Зеленски: Русија е одговорна за враќање на војната
Трговски центар и два хотели во Одеса погодени ви руските напади со хиперсонични ракети истрелани од авиони .Американскиот претседател Бајден го олесни забрзувањето на испораката на оружје во Украина...

Украинскиот претседател Зеленски изјави дека ќе остане во историјата дека Русија е одговорна за враќањето на војната во Европа. Рече дека украинците ќе продолжат да работат на одбрана и враќање на правдата.
„Денес, утре и секој втор ден колку што е неопходно за ослободување на Украина од окупаторите. Украинското знаме ќе се врати. Затоа што ова е наша земја. Слободна европска земја“, порача Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Рече и дека Украина направила важен чекор на патот кон Европската унија.
„Украина го достави вториот дел од одговорот на посебен прашалник што треба да го пополни секоја земја што сака да стане дел од европската унија. Ова обично трае со месеци. Но, направивме се тоа да се случи за неколку недели“, изјави Володимир Зеленски.
Борбите продолжуваат околу фабриката за челик „Азовстал“ и во повеќе места на истокот и југот на земјата. Киев бара помош од ЕУ за отворање на пристаништето, бидејќи поради блокадата дневно се губат 170 милиони долари.
Трговски центар и два хотели биле погодени во руските напади во Одеса.
„Вкупно седум проектили паднаа врз Одеса. Во овој објект се работеше за време на воздушниот напад и едно лице почина. Повредените добија повреди со среден интензитет. Овој објект имаше ништо заедничко со воената инфраструктура или воени објекти. Овде нема и никогаш немало магацини за муниција“, изјави Генадиј Труханов, градоначалник на Одеса.
Украинското Министерство за одбрана тврди дека руските сили спроведуваат „офанзивни операции“ на фабриката за челик „Азовстал“во Мариупол, каде што сè уште се стационирани стотици украински борци.
Американскиот претседател Бајден го реактивираше законот за воена помош од втората светска војна. Со тоа се овозможува забрзување на испраќањето воена опрема на Украина.
„Секој ден Украинците плаќаат со своите животи и се борат доволно долго. Злосторствата во кои се вмешани русите се нешто повеќе од наивни, а цената на борбата не е евтина, но попуштањето пред агресијата е уште поскапо, затоа остануваме во ова“, изјави Џо Бајден, претседател на САД.
Жосеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, рече дека ЕУ не се бори против Русија, туку за да ја брани Украина. Борел смета дека ова е момент, во кој ЕУ е важен геополитички актер и дека носи важни воени и енергетски одлуки.
Марина Ристова
