ВМРО- ДПМНЕ во Струмица: Се што ветуваме и реализираме
„Повторно сме во Струмица, со една цел, да ни дадете поддршка - „ветар во грб“, за 62 мандати во парламентот, за реализација на новата и најквалитетна програма со 2.046 проекти за граѓаните...

Со тоа ќе поддржите покачување на пензиите, платите во јавната администрација, социјалнта помош, субвенциите на земјоделците...“ порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ во Струмица.
„Се што ветуваме и реализираме, овој победнички тим и коалиција продолжува понатаму, не ни се потребни никакви громови и молњи“ рече носителот во 4-тата изборна единица, Зоран Ставревски.
„Мене ми значи најмногу тоа што граѓаните ја препознаа мојата работа и 77 насто од нив сметаат дека функцијата претседател ја обавувам чесно“, рече пред струмичани кандидатот за претседател Ѓорге Иванов.
