Трибина

„Три децении Армија, три децении воено образование, научени лекции, реалност и перспективи“

10.05.2022 12:50

30 години од формирањето на Армијата и на военото образование одбележан со трибина за развојот на одбраната на Воената академија. Министерката за одбрана Петровска посочи дека покрај трансформацијата на одбраната, потребна е трансформација и на Воената академија, за да може да се справи со современите безбедносни предизвици. Воениот врв се обврза дека и натаму продолжи да расте во Центар на военото образование во рамки на НАТО и регионот...

По 30 години постоење на македонската Армија, неопходна е длабока трансформација на професионалното образование и обука во одбраната вели министерката за одбрана Славјанка Петровска. Целта е идните старешини успешно да можат да се справуваат со современите безбедносни предизвици.

„Во оглед на тоа што живееме во свет на постојани промени и динамично безбедносно опкружување, мора да преземе мерки и активности, секој се разбира во својата надлежност, да направиме нашите програми за едукација и обуки да бидат соодветни на потребите кои постојано се менуваат“, изјави Славјанка Петровска, министер за одбрана.

Воената академија која постои веќе 30 години, постојано се надградува со усвојување на нови програми со што е признат Центар за военото образование за армиите на сојузниците и партнерите во регионот.

„Навистина за овие 30 години, многу е вложено од сите субјекти во општеството, секако и Воената академија има големо значење во развојот на вооружените сили. Како и досега и во иднина ќе ја има целосната поддршка од Генералштабот“, изјави генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски-началник на Генералштабот.

„Како Воена академија во изминатиов период многу постигнавме. Константно сме учесници, не само како слушатели, напротив на разни настани во рамки на НАТО центри на совршенство“, изјави полковник Митко Богданоски-декан на Воената академија.

Првиот министер за одбрана Трајан Гоцевски беше одликуван со највисоко воено признание за придонесот во развојот на македонските вооружени сили.

Ирина Гелевска