МПЦ-ОА

Руската православна црква не ја признава одлуката на Вселенската патријаршија

10.05.2022 13:08

Вчерашното признавање на Охридската Архиепископија од страна на Вселенската Патријаршија всушност е одлука за тоа дека македонската црква е канонска и валидна во сеправославниот свет, а тоа значи дека не е повеќе расколничка црква.

Руската православна црква, која за неколку крупни црковни прашања е на дијаметрално спротивна страна на Вселенската Патријаршија, порача дека не ја признава одлуката на Вселенската Патријаршија и ги признава исклучиво канонските права на СПЦ во Северна Македонија.

Од реакцијата на СПЦ на вчерашната одлука на вселенската патријаршија ќе се види дали враќањето на комуникацијата меѓу двете цркви всушност била во координација со Цариград или не.

Во Ниш минатиот викенд се одржала заедничка средба меѓу високи претставници на СПЦ и МПЦ-Охридска Архиепископија, што значи дека по долго време студени односи, повторно се заживеани напорите за надминување на спорот.