ДПА во Чегране

10.04.2014 00:40

„Големото присуство ми дава надеж дека на 13-ти април ќе влезам во вториот круг“, рече пред жителите на Чегране, канидадот на ДПА за претседател, Илијаз Халими...

„Од 350 илјади гласачи албанци, 300 илјади гласови се доволни за да влезам во вториот круг“. Ние сме во предност, рече Халими, за разлика од македонските гласови кои ќе се поделат на 3-ца кандидати. Тој рече дека е убеден дека албанците се современ народ и дека нема да дозволат никој да им покаже со прст што да прават и нема да дозволат никој да им го одземе правото на глас. 

„Албанците го изгубиле своето достоинство, тоа е резултат на дискриминирачката политика што ја води ДУИ“, рече лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Според него албанците се уценети од органите на власт да не излезат на избори и нивниот глас да не го дадат на Халими.
„Многу мал дел од буџетот се дава на албанците“, рече Тачи