ВМРО- ДПМНЕ на митинг во Радовиш
ВМРО- ДПМНЕ прва во политиката ја воведе културата на отчетност. Нашата програма е нашиот отчет...

Што сме сработиле и што ке сработиме наредните 4 години. Го кажувам ова за да потсетам дека нашиот досегашен учинок е гаранција дека новата програма целосно ке биде завршена. Ова во митингот во Радовиш го рече претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски.
Барајќи поддршка за Иванов и за 62 пратеници, Груевски рече граѓаните знаат да направат разлика. Во времето на СДСМ пензионерите незнаеја што е покачување напротив, тие имаа 8 проценти намалување кое го врати ВМРО- ДПМНЕ во 2002-та. Земјоделците незнаеја што се субвенции. По принуда од протестите одвај им дадоа 5 милиони евра. ВМРО- ДПМНЕ до сега исплати 590 милиони евра и уште 600-тини милиони за наредните 4 години.
Во времто на СДСМ невработеноста порасна 38 проценти. Ние ја намаливме за 10 проценти, а воедно и отворивме 120 илјади работни места, со најава за нови 64 илјади во наредните 4 години, истакна Груевски.
