Регистрирани 11 нови земјоделски задруги
Сe применува Законот за новите задруги. Досега се регистрирани единаесет кои ќе можат да користат поволности од државата. Фармерите добиваат бенифиции од покривањето на трошоците за регистрација до зголемување на субвенциите...

Единаесетте нови земјоделските задруги ќе може полесно да го договараат пласманот, поевтино да набавуваат репроматеријали и да користат механизација.
Задруга може да основаат најмалку 10 евидентирани земјоделски стопанства, а еден фармер може да членува во повеќе задруги.
Според големината можат да бидат мали со 10 до 19 или големи со минимум 20 члена.
Држават ги покрива сите трошоци за формирање на задругата. Менаџерот 5 години ќе зема плата преку министерството за земјоделство и тоа првата 100, а секоја наредна година со 20 проценти намалување .
Задругарите, ќе добиваат по високи субвенции од 7,5 до 15 проценти, и за 20 проценти помал трошок за водарина.
Методија Трајков
