Свет

Маск ќе го врати Трамп на „Твитер“

10.05.2022 20:50

„Твитер“ трајно го суспендираше Трамп од платформата во 2021 година...

Новиот сопственик на „Твитер“, Илон Маск, најави дека ќе ја укине суспензијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

„Трајните забрани треба да бидат ретки и тоа за ботови или измами, спам профили… Мислам дека не беше правилно да се забрани Доналд Трамп“, изјави денеска Маск. „Би ја укинал трајната забрана“, додаде тој.

„Твитер“ трајно го суспендираше Трамп од платформата во 2021 година по нападот на неговите поддржувачи на Капитол хил.